За Нас

Кон крајот на 1991 година како семеен бизнис, започнавме со работилница за изработка на кашкавал со дневна преработка од 200 литри млеко.

Порастот на интересот и побарувачката за нашите производи имаше влијание на понатамошниот тек на работата и на 02.08.1999 година од семеен бизнис прераснавме во претприемачка дејност под име Млекара Еко – Млек Каоник.

Понатамошното зголемување на обемот на работата доведе до формирање на друштво Млекара Еко – Млек доо со седиште во  Каоник, кај Крушевац, Србија.

Главната дејност на друштвото е обработка на млеко и производство на сирења.

Млекарата секојдневно откупува и преработува околу 50.000 литри млеко.

Млекарата своите производи ги пласира на домашниот пазар и извезува во Црна Гора и Македонија. Цел ни е проширување и на други странски пазари. Посебен интерес постои за следниве земји: Албанија, Босна и Херцеговина и Хрватска. Во текот на 2009 година отворивме големопродажен центар Ниш кој снабдува угостителски објекти, пекари и малопродажба на сирењата од нашиот производен програм  на подрачјето на Јужна Србија.

Друштвото на 29.12.2012 година изгради и пушти во работа нова млекара со капацитет на преработка од 100.000 литри млеко дневно со цел посигнување енергетски поефикасно производство и зголемување на успешноста на работата.

Во план се инвестиции за изградба на постројки за производство на органски ѓубрива и биогас.

Друштвото воведе и примена на систем за управување со квалитет ISO 22000:2005.

Денес покрај млекарата Еко-Млек доо  постојат и EM CENTAR и EKO – FARM кои се бават со споредни дејности чија основна улога е снабдување се што е неопходно за поефикасна и полесна работа, почнувајќи од набавка на сточна храна, семенски материјал, минерални ѓубрива и останати репроматеријали кои се користат во производството до набавка на нафтени деривати, авто делови, прибор за машински постројки и услуги на сервис и одржување на истите.

ZIV Company - Млекара со искуство и традиција

© Сите права се задржани 2016. Веб Дизајн и обработка WEBSKI